„ Јазли“ е драма , која го прикажува современиот човекот како креатор, но и жртва на изместени вредности, кои потекнуваат од амбициите да стигне повисоко во општествената хиерархија.

Во таква една слобода или во таков еден систем на вредности тие злобни амбиции не може да функционираат. Бидејќи обично тој мрачниот дел во нас сака да плива во матно, тој не сака чиста вода, вели  Рефет Абази- автор на текстот и актер

Распадот на бракот меѓу лекарот Дрен и неговата сопруга, архитектката Леа, низ фрагментарна драматургија ја отвора Пандорината кутија на конфликти и ситуации меѓу бројните ликови, како од поширокото семејство, така и во општеството. На тој начин доаѓа до израз  општиот безизлез, неможноста да се препознае депресијата како болест на денешницата, но и потребата да бидеме хумани, правични и да не посегаме по туѓата сопственост. Покрај допирот до реалноста, претставата оди и до метафизика, низ судирот на доброто и злото, доловен преку два фиктивни лика.

Како естетика или стил на игра, тоа е магичен реализам. Нешто што ми е многу блиску и во книжевноста. Таа насока, тој правец го обожувам. Така што сè е реално, ама нешто е изместено од реалноста, смета Куштрим Бектеши- режисер

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.