Во 2023 година потребна е санација на спомен куќата на Григор Прличев и кровната конструкција на Ранохристијанската базилика на локалитетот Плаошник. Годинава, се санираа објектите музеј на Куќата на Робевци и Куќата на Христо Узунов.

Музејските објекти претрпуваат разни оштетувања под дејство на различните атмосферски влијанија. Во низата објекти врз кои треба да се интервенира се спомен куќата на Григор Прличев и Ранохристијанската базилика на локалитетот Плаошник. Од неодамна попуштила рамката на надворешениот прозорец на спомен куќата на Григор Прличев. Во годината која што доаѓа, покрај, потребата од санација на овој обејкт треба да се поправи и кровната конструкција на Ранохристијанската базилика. Дел од кровот кој треба да го штити мозаикот е оштетен и може да се сруши. Потребно е тековно одржување на сите објекти и предвидени се средства за санација во годишната програма која е поднесена до Министерството за култура, информира Катерина Велкоска, директорка на НУ Завод и музеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.