Во фоајето на Националната опера и балет во Скопје денеска ќе биде потпишан договор за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Македонија.

Како што стои во соопштението од Министерството за култура, договорот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.