Поради големиот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“, можноста да уживаат во претставата ќе ја имаат децата од Штип и од Струмица. Вистински начин да се одбележи крајот на училишната година со омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.

На 11 јуни (недела), точно напладне (12 ч) во НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип, ќе долета Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати… Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либрето го пее Ѕвончица преку различни песни што едноставно влегуваат во уво и долго се пеат.

Една недела подоцна, на 18 јуни, во НКУЦ -Антон Панов во Струмица, во 12:00 часот, Ѕвончица со својот волшебен прав и прекрасните сонгови ќе ги пресели сите гости во волшебната земја Недојдија. Претставата не се пропушта поради оригиналноста и мајсторска симбиоза на играта, зборовите и музиката. Се е прекрасно и наросено со волшебен прав: зборовите се паметат и потпевнуваат а сценографија и костими инспиративно зрачат радост и среќа.

Овој детски балетски спектакл имаше премиера во Скопје, а потпишан е од тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин. На сцената доминираат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“ и гостите при балетскиот ансамбл на НОБ: Веселин Трајковски и Николас Алехандре Хоурсеау. Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд. Се гледаме во Штип и Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.