„Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности, ќе се одржи во главниот град на државава од 23 јули до почетокот на август.
Како што денеска информираат „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа.
Настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности.
„Скопје вибрира“ е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум“ лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“ и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје, се наведува во соопштението.
Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, се додава во соопштението, „организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни“. бд/бак/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.