В петок, на 28 октомври, од 19,30 часот Театарот при Дом на култура Кавадарци „Иван Мазов – Климе“ премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова.
Во претставата играат: Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова. Претставата е поддржана од Министерството за култура Македонија.
Претставата е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани за сабота 29 октомври и вторник 1 ноември 2022 од 19.30 часот.
Во четврток, на 3 ноември 2022, со почеток од 20 часот, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи проекција на македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“. Режија: Кристијан Ристески. Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недевска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев. Проекцијата на филмот е во рамките на “Кавадаречка културна есен 2022“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.