На летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ на 10 aвгуст, од 18 часот, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, ќе се одржи 17. традиционална меѓународна поетска манифестација „Поетско Маркукуле 2024“.
„И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Со самото тоа, на 10 август Прилеп повторно ќе биде центарот на поезијата и убавиот пишан збор, а присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските восклици на присутните поети“, вели Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп, поканувајќи ги љубителите на поезијата на манифестацијата.
Воедно ќе биде промовиран и зборникот „Поетско Маркукуле 2024“, во кој со поезија се застапени околу 220 поети од десетина различни земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.