Македонските поети Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе учествуваат на Саемот на книга во Лајпциг, Германија кој ќе се одржува од 21 до 24 март.
Тие ќе бидат дел од настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Македонија“ кој треба да се случи во сабота (23 март) со почеток во 15 часот.
Разговорот со двјацата поети ќе го води Ерик Мар, а присутните ќе можат да слушнат стихови на авторите на македонски и на германски јазик.
Никола Маџиров е етаблиран македонски автор. Има објавувано песни, есеи и преводи и е еден од координаторите на меѓународната мрежа „Lyrikline“.
Ивана Јовановска е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Таа има учествувано на бројни поетски читања, а нејзините песни покрај на други се објавени и во грчкото списание за литература „Тeflon“ и книжевното списание „Современост“. До денес има објавено две стихозбирки, „На ракавот на градот“ (2021) и „Номадски затвори“ (2023).
Саемот на книга во Лајпциг е вториот по големина во Германија, по Саемот на книга во Франкфурт кој е најголема манифестација од ваков вид во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.