Македонските поетеси Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција.
Двете поетеси ќе имаат по три читања во рамки на фестивалската програма.
Дополнително, Величковска во професионалниот дел на програмата, пред директорите на поетски фестивали од Франција, Романија, Бугарија, Азербејџан и Чешка ќе одржи презентација за Скопскиот поетски фестивал и за Поетската ноќ во Велестово.
Фестивалот ќе трае до 22 септември, а учествуваат 60-тина поети од 20 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.