Денеска почнува второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, со кој официјално започнуваат годинашните 53. по ред ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ
Од 19 јули-среда Центарот за култура во Битола е и организатор и дом на овој прв фестивал од ваков тип кај нас, посветен на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои живееле и живеат луѓето, нудејќи разновидни увиди и методологии на работа на тимови од цел свет на такви филмови.Фестивалот ќе трае до 22 јули, а селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој со својата сопруга Блондин, таму организираат свој фестивал. По минатогодишното прво издание, за оваа година селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти.Мисијата на овој •Интернационален етнографски филмски фестивал• е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции, но и да го буди гласот на совеста кај проблемите на современите општества предизвикани од недоволната грижа за културното наследство, информираат од Центарот за култура-Битола.
Влезот за сите проекции ќе биде слободен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.