Седмото издание на книжевно – мултимедијалниот фестивал АртАреа/Артерија почнува денеска. Оваа година по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје и ќе се одржува на две локации – МКЦ и Буква.

-Во тек на трите фестивалски денови ќе има три настани во секој од нив. Ќе имаме прилика да бидеме дел од пет книжевни промоции на тројца македонски и двајца странски автори, промоција на стрип, поетско читање, два музички настапи и две изложби, најави издавачката куќа Бегемот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.