Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф во неговото родно Тресонче е отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“.
Школата се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир.
Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од здружението на граѓани „Брзовец” и општина Маврово-Ростуше, за време на одржување на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во Мијачкиот крај.
Организаторите најавуваат дека може да се посети и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде е завршена првата фаза од реконструкцијата. Целосното опремување на Културниот центар се очекува да биде завршено до крајот на годинава.
Културниот центар се наоѓа на местото на поранешното училиште „Димитар Ормански“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.