На 84 годишна возраст, во неделата почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од „Танец“, а погребот се одржал вчера, соопштија од Ансамблот.
Зорка Метикош е родена во 1940 година во скопското село Чучер и беше вистински извор на ора и песни од богатата ризница на македонскиот фолклор. Во ансамблот Танец е од 1960-та година и во него поминува цели 30 години до своето пензионирање во 1990.
-Таа, целото свое знаење и умеење го посвети на ансамблот, пренесувајќи голем број на песни и игри научени од теренот. Беше фолклорен уметник со извонредени вокални и играорни способности.
При изведување на песните од кореографскиот репертоар на Танец, беше препознатлива по извонредните изведби и нејзиниот убав сопран, а меѓу колегите и кај публиката важеше и за извонреден техничар при изведувањето и пренесување на стапките на изворните ора. Посебен траен белег остави во изведбата на „Невестинското“, а за многу генерации играорки беше пример како достојно се носи галичката носија, преку нејзиниот стамен став и нејзините одмерени и грациозни чекори при изведбата.
Оттука, Зорка Мекинтош ќе остане втисната во историјата на Танец како синоним за трајна вредност, велат од ансамблот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.