Во 87 година од животот денеска почина Петар Наневски, истакнат поет, сликар, есеист, афирист. Живееше и твореше во неговото родно село Ваташа.
Погребот ќе се изврши утре на гробиштата во Ваташа.
Завршил Педагошка академија, а работеше во Музејот-галерија и гимназијата во Кавадарци. Во својот живот имаше 54 изложби. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија.
Петар Наневски ги има објавено книгите: Починка и врвици (поезија, 1961), Срп и нежност (поезија,1971), Причина и спокој (поезија, 1977), Галии низ зумбулите (поезија, 1978), Сончевата споредба (поезија,1980), Сликар меѓу ѕуници (поезија, 1982), Полноќна Ваташа (поезија, 1983), Грчот на Лаокон (поезија, 1985), Така прорече Морос (поезија, 1993), Фрлач на дискови (поезија, 1996) и Хетери, музи и мајстори (поезија, 1998).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.