Во спомен на Шунтаро Таникава (1931-2024), добитник на престижната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2022 година. Беше поет чие творештво го обележаа длабоката интелектуална димензија и искрената емоција. Неговата поезија беше мост помеѓу традицијата и современите филозофски размислувања. Тој беше најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија.
Неговото творештво беше насочено кон западната поезија и култура со будна археолошка свест за откривање нови за заборавени мотиви.
Таникава беше поет кој го разгоруваше огнот на размислувањата и чувствата со секој стих, кој ќе продолжи да одекнува во срцата на читателите и по неговото заминување.
Неговото заминување е неизмерна загуба, но неговото наследство ќе живее низ времето. Нека му е вечна слава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.