Еден од најзначајните современи светски поети Ханс Магнус Енцесбергер почина на 93 години во Минхен. Тој беше лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1980, кога му припадна „Златниот венец“.

Енценсбергер беше писател, поет, преведувач и уредник, а пишувал и под псевдонимот Андреас Талмаер. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици и е еден од најпознатите современи германски писатели. Неговата поезија е окарактеризирана како алхемија на обичните елементи на говорниот јазик.

Ханс Магнус Енценсбергер (роден на 11. 11. 1928 г. во Кауфбојрен е германски писател и поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живее во Минхен. Учел литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема „Поезијата на Клеменс Брентано“. До 1957 година, работи како уредник во радио во Штудгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Курцбуцх (Распоред).

Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Дие Андере Библиотхек (Другата библиотека), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот Транс Атлантик.

Во најголем дел од неговите песни, Енценсбергер користи саркастичен и ироничен тон. Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца.

Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, како еден од ретките левоориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР. (Судења од минатото, Глобално ехо.)

Награди и признанија: 1963 – Награда Георг Бихнер, 1985, Награда Хајнрих Бел, 1993 – Награда на мирот Ерих Марија Ремарк, 1998 – Награда Ханријх Хајне, 2002 – Награда на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост, 2006 – Награда Д’Ануцио за севкупен опус. Значајни дела: Одбрана на волците, песни, 1957, Политика и криминал, есеи, 1964, Азбука за слепи, 1964; Германија, Германија, меѓу другото, 1967 Сослушување во Хавана, проза, 1970, Разговори со Маркс и Енгелс, есеи, 1970, Мавзолеј – балади од историјата на прогресот, 1975; Пропаста на Титаник, епска поема, 1978, Музиката на иднината, раскази, 1991, Ќерката на Воздухот, драма, 1992, Каде беше Роберт?, роман, 1998, Ѓаволовиот број, роман, 1999, Раскази 1950-2005, 2006.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.