Познатиот композитор Анџело Бадаламенти почина на 85-годишна возраст од природна смрт, објави „Њујорк тајмс“.

Тој ќе остане запаметен по својата долгогодишна и плодна соработка со режисерот Дејвид Линч. Бадаламенти работеше на неверојатна музика за филмовите „Blue Velvet“ (1986), „Wild at a Heart“ (1990), „Lost Highway“ (1997), „The Straight Story“ (1999) и „Mulholland Drive“ (2001), но и за популарната телевизиска серија „Twin Peaks“ (1990-1991).

Тој ја доби престижната музичка награда Греми за музиката за серијата „Twin Peaks“ во 1990 година, која ја напишал без да види ниту еден кадар од серијата, туку се инспирирал само од разговорите со Линч.

Бадаламенти, исто така, се појави на екранот како гангстерот Луиџи Кастиљане во „Mulholland Drive“ и свиреше пијано со Изабела Роселини во „Blue Velvet“.

Во својата долга кариера, Бадаламенти соработуваше и со легенди како Нина Симон, Дејвид Боуви, Пол Макартни, Лајза Минели, „Пет шоп бојс“, а ја напиша и свечената музика за Олимпијадата во 1992 во Барселона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.