На 75-годишна возраст во Тетово вчера почина Бранко Гечовски-Ѓеко, кој целиот живот го помина како актер во Драмското студио во Тетово. Тој половина век настапуваше пред публиката на тетовскиот аматерски театар и претставите кои со децении ги изведуваше заедно со актерите од Драмското студио.
Ѓеко е дел од актерската екипа која уште во 60-тите години го основа Драмското студио пред да биде изграден Домот на култура „Иљо Антески-Смок“. Групата актери настапуваа во кино „19 Ноември“ , а потоа и во Домот на култура, предводени од режисерот Ацо Костоски-Гуштер. Настапуваше се до 2018 година на манифестацијата „И глумците поа“, информираа од Драмското студио Тетово.
Гечовски беше погребан денес во Тетово. Беше сопруг, татко и дедо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.