„Црвено училиште“ е изложба на познатата писателка, есеистка и преведувачка Дубравка Угрешиќ, чија работа имаме да чест да ја дожиевееме покрај пишаниот збор, и преку медиумот на визуелното. Изложбата ќе се отвори во петок, 26 април 2024 година, во 19.30 часот. По Ријека, Загреб и Белград конечно „Црвеното училиште“ допатува и до Скопје, преку соработката на Контрапункт и Мултимедијалниот Институт „МАМА“ од Загреб.
…На почетокот на војната во Југославија во 1991 година, Дубравка Угрешиќ случајно доаѓа до една школска книга, која според годината на издавање лесно би можела да биде нејзина. Тогаш пред писателката одеднаш се појавуваат два света – древниот, заборавен свет на книгата кој некогаш ветувал среќна иднина, и друг, реален, сегашен свет, кој брутално ја оспорува таа иднина. Оваа случка претставува поттик за Дубравка Угрешиќ да почне да собира книги, а резултира во низа текстови и визуелни дела кои се претставени на оваа изложба…
На отворањето на изложбата ќе бидат промовирани 4 книги на писателската: „Црвено училиште“, „Нарилник за вештерки“, „Штефица Цвек во челустите на младоста“ и „Тука нема ништо“ во превод на македонски јазик.
Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е хрватска, југословенска и холандска писателка, публицистка и научничка. Угрешиќ дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. По распадот на Југославија, во 1993 година се преселила во Амстердам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.