Во пресрет на Денот на сесловенските просветители браќата Св .Кирил и Методиј утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Омаж посветен на животот и творештвото на покојниот професор по македонски јазик и писател Коста Фортомар од Охрид.

На настанот за  значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј  и за писателот Фортомар ќе зборува директорот на библиотеката Милчо Јованоски.

Извадоци од неговите дела ќе читаат ученици од Гимназијата „ Св. Климент Охридски“ под менторство на професорката Светлана Голабоска, како и  внуците на писателот: Тамара Фортомароска, Софија и Виктор Милевски.

Обраќање на настанот ќе има и неговата ќерка д-р Благовесна Фортомароска – Милевска.

Омажот ќе се одржи во Прличевата одаја од 11 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.