За првпат после 70 години од започнувањето на истражувањата на локалитетот Стибера се прави негово гео скенирање со посебен уред на кој се отчитува каде би можеле да се наоѓаат неоткриените градби. Во иднина овие испитувања ќе помогнат многу, ќе се заштеди време и пари, а археолозите точно ќе знаат каде да копаат и што да очекуваат дека може да се открие под земјата.
Овие истражувања се работат во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија и првичните податоци покажуваат дека под земјата има мноштво на ѕидови и градби, но за тоа што поконкретно би можело да има закопано тука ќе треба сите овие добиени податоци потоа да се обработат во посебен софтвер.
До сега со овој уред, кој е единствен од ваков тип во Македонија биле покриени 15 локалитети, а на 5 до 6 од нив веќе биле направени археолошки истражувања и биле потврдени податоците добиени со овој скенер.
Инаку од Стибера досега се откриени само 5%, скоро целиот град е се уште под земја. Во тоа време Стибеа имал 20.000 жители, што во денешни рамки тоа би било еквивалент на една огромна метропола. Градот е на ранг на Стопи, Хераклеа и Скупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.