Концерт на современа музика за пијано, во изведба на Ловорка Немеш Дулар и Јасмина Трајчевска, ќе се одржи на 17 септември, со почеток во 20 часот, во Центар за пијано, МHТ.

На концертот ќе биде претставена уникатна програма со делата на словенечкиот композитор Урош Матичич и двајца истакнати македонски композитори, Трајко Тошевски и Томислав Зографски.

Соработката помеѓу г-ѓа Ловорка Немеш Дулар и г-ѓа Јасмина Трајчевска означува значаен уметнички дијалог, придонесувајќи за меѓународна промоција на современата музика за пијано.

Веруваме дека ќе биде незаборавна вечер, привлекувајќи публика која ја цени современата класична музика и поттикнувајќи идни уметнички соработки, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.