Во „Театарот на сенки и облаци“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде изведен преформансот „Ова сум јас? Кои сме ние?“ на Енџи Николоска и Бојан Лазаров кои го истражуваат поставувањето и изразувањето на телото во простор – индивидуално и заеднички преку танцово-театарски методи чија инспирација е македонското поетско творештво.

Ова сум јас? Во моментите на себеиспитување се наоѓам себеси стоејќи на крстосницата на идентитет. Тоа е авантура која ме води длабоко под површината, под етикетата и улогата која општеството ми ја доделува. Јас сум повеќе од месо и коски. Повеќе од лузни и дамки кои ја красат мојата душа. Јас сум илузијата која се извишува високо во бескрајното пространство на моите несигурности. Кои сме ние? Стоиме овде борејќи се со нашите емоции и прашања. Ова се дел од прашањата што ги отвора претставата „Ова сум јас? Кои сме ние?“.

Премиерната изведба на „Ова сум јас? Кои сме ние?“ беше на 14 ноември 2023 година. Перформансот произлезе од ДОПРИ програмата за резиденцијален престој во Театар
„Сенки и облаци”, поддржана од Министерството за култура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.