Сигурно секој од нас познава по некој планинар, алпинист, скијач или едноставно вљубеник во планината. Мора да си признаеме дека ние битолчани сме привелегирани штом го имаме Пелистер, а уште повеќе што имаме луѓе како Петар и Сашо Ставреви кои ја овековечуваат љубовта кон оваа наша планина.
Во Офицерскиот дом се одржа „Пелистерска зимска рапсодија”, односно фото изложба на Сашо Ставрев и трибина со еминентните гости: Весна Дунимагловска, Милка Ѓемту и Петар Нолев, на која модератор беше Петар Ставрев.
Вниманието покрај многуте фотографии кои ги прикажуваат единствените убавини на Пелистер, го привлекоа оние направени на почетокот на годината кога група планинари го дочекаа првото изгрејсонце во Новата година на Антена на надморска висина од 2601 м. Тогаш Петар Ставрев го однесе шампањското до вработените на Антена.
„Поставив околу 100 фотографии. Имав посебна мотивација затоа што Пелистер е секогаш инспиративен, а посебно оние фотографии кои ги направив во текот на зимскиот период. Ми беше и посебен предизвик затоа што најмалку се качувам на Баба планина во текот на зимскиот период“, ни изјави Сашо Ставрев.
Настанот се одржа во рамките на Зимската приказна а во организација на Општина Битола и Културно информативниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.