Во издание на издавачка куќа „Интеракција плус“во рамките на програмата за подршка на проекти од национално значење, излезе од печат книгата „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски.

Најновата книга од Гоце Ристовски, „Печатот на вистината“, ја сочинуваат повеќе критичко есеистички текстови,следејќи го начинот на кој театарот преживеа како жива традиција, постојано докажувајќи ја сопствената неопходност, менувајќи се во зависност од шемите на животот, често влијаејќи на нивниот облик и боја. Оваа книга, според сфаќањето за театарот како згуснато време, опфаќа временски период кој се протега од почетокот на театарот, од пред повеќе од две и пол илјади години, се до денешен ден, притоа и на наше тло- истакнува проф. д-р Христо Петрески.

Ристовски е автор на повеќе од 20 прозни, драмски, критичко есеистички и монографски книги.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.