Вечерва продолжува богатата програма на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ со настанот насловен Патување по железницата на детските чувства со 7 сликовници. Настанот ќе се одржи во книжарницата на „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, со почеток во 19:00 часот.

Авторка: Маја Мишевска

 

Промоторка: Бисера Бендевска

Серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо, се минијатурни бравури за предизвиците во растењето на секое дете. „Мравката Тони“, „Бумбарот Боби“, „Гасеницата Кики“, „Бувот Оли“, „Делфинот Дуле“, „Слонот Кире“ и „Коњчето Искра“ нè учат за упорноста, другарството и дружељубивоста, за храброста, љубезноста и фантазијата на најубав можен начин – нежно и со многу љубов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.