„Патувачки театар Шопаловиќ” е претстава во која публиката ужива гледајќи ја, ве покануваме сите кои сте ја пропуштиле на 16.01 и 17.01 во 20 часот НТБ е тука за вас!, соопштуваат од Народен театар Битола.
По текст на: Љубомир Симовиќ
Режија: Љупчо Ѓоргиевски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Композитор: Марјан Неќак
Испециент: Мирко Лазаревски
Светло мајстор: Горан Петровски
Тон мајстор: Николче Терзиевски
Суфлер: Гордана Михајловска
ЛИЦА:
Василије Шопаловиќ – Петар Мирчевски
Јелисавета Протиќ – Елена Моше
Софија Суботиќ – Маја Андоновска Илијевски
Филип Трнавац – Никола Стефанов
Гина – Соња Ошавкова
Благое Бабиќ – Живко Борисовски
Симка – Катерина Аневска Дранговска
Дробац – Александар Димитровски
Милун – Никола Пројчевски
Мајцен – Хари Михајловски
Ова е драма која се занимава со некои суштински прашања на театарот. Што воопшто
значи театарот, за што воопшто ни служи театарот, има ли граница помеѓу стварноста
и театарот и каде се наоѓа таа. Како театарот влијае врз реалноста и како реалноста се
меша во театарот.
Накратко, претставата зборува за една длабока вера во она што ние го работиме , за
една непресушна енергија да го сочуваме театарот, па макар и со дрвен мач , кој може
да биде поопасен од вистинскиот, доколку се верува во него, вели Љупчо Ѓоргиевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.