Во Галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, вечерва ќе се одржи панел дискусија на тема „Правиот пат до создавање на детската литература“.
Организатор е Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје во соработка со Здружението „Деца за деца“, а како учесници на дебатата се најавени писателите Киро Донев, Горјан Петрески, Лидија Давидовска и Виолета Наумовска. На темата ќе говорат и библиотекарката Маја Трјковиќ, професорките Ана Дојчиновска, Рада Гроздановска, Теодора Стојовска, Светлана Јакимовска и Ирена Лозана предавач за инклузија и инклузивна свесност.
Дебатата е во контекст на мултимедијалната изложба „Бајката и бајковидното“, како дел од мултимедијалниот проект по повод одбележувањето на Светскиот ден на бајката.
Куратор на оваа голема мултикултурна изложба, која е во тек и обединува уметници од повеќе генерации, е историчарката на уметност Виолета Калиќ, а модератор на панел дискусијата е Виолета Наумовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.