Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало вечер ќе биде изведена во Националната опера и балет.
„Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а во режија на Дејан Прошев. Ќе настапи домашна солистичка екипа.
Во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда – Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио – Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, а костимографијата на Никола Булески. мд/аа/Фото: Национална опера и балет .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.