Вечерва, во 19.30 часот во Театарот за деца и младинци (ТДМ) со „Палешка“ на Куклениот театар Љубљана од Словенија, наменета за деца над 3 години продолжува 3. издание на Фестивалот на детски театари „Игор Маџиров“ кој свечено беше отворен вчера со претставата „Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант.
Претставата ја игра и е во режија на Маја Куншиќ.
Утрово во Театар Комедија гостуваше Краљевачкиот театар од Краљево, Србија, а во 13 часот ќе следува матерклас на режисерот Јакуб Максимов од Чешка. Во 17 часот, во Македонскиот народен театар ќе следува панел-дискусија што ќе ја водат режисерите Драгана Милошевски-Попова и Игор Ивковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.