Вечерва, на 12 декември, во 19,30 часот во Дом на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци во рамките на „Месец на театарот“ театарот “Провокација“ ќе ја изведе претставата “Пациенти“ во режија на Ѓорѓи Ризевски.
Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски. Сценографија: Роберт Ристов. Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац.
Претставата е за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот.
Во среда, на 14 декември 2022, со почеток од 20 часот, во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде прикажан филмот “Небеса“. Филмот „НЕБЕСА“ е српско, македонска, црногорска и хрватска продукција, кинематографер е Душан Јоксимовиќ, а режисер на филмот е познатиот Срѓан Драгојевиќ. Играат: Горан Навојец, Бојан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Никола Пејаковиќ, Наташа Марковиќ, Ана Мандиќ, Милош Самолов и др. Година на продукција 2021. Кратка содржина: Три кратки приказни за три Божји чуда во постсоцијалистичко општество, а по половина век атеизам. Во едно општество каде коегзистираат идоли од социјалисзмот и идоли од новооткриената религија. Филмското дејствие се одвива од 1993 преку 2001 па се до 2026 година.
Во петок, на 16 декември 2022, со почеток од 19.30 часот, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде одиграна театарската претстава “Сега му е мајката“. Автор на текстот е Горан Стефановски, а режијата е на Дејан Ангелов. Играат: Михаил Велков и Јовче Пандев. Текстот “ Сега му е мајката” e напишан во веќе далечната 95 год. специално за двете големи имиња на македонското глумиште покојниот Ванчо Петрушевски и Благоја Чоревски од страна на големиот македонски драматург Горан Стефановски. Премиерата на истата се случува во истата година и станува една од култните претстави во репертоарот на Драмски театар во Скопје. Дејството се одвива во Скандинавија во некој ресторант после средбата на двајцата главни протагонисти Ацо и Бобо, на која договаарат со некои Германци да скријат нуклеарен отпад некаде на територијата на Македонија. Нашата претстава започнува после заминувањето на Германците и договорената зделка. Ацо и Бобо се егзалтирани и задоволни од договорената зделка и имаат уште неколку часа до утрото кога треба да заминат назад во Македонија. Во тие некоклу часа ние успеваме да го видимен нивното вистинското лице.
Во сабота, на 17 декември 2022, со почеток од 12 часот и во вторник, на 20 декември 2022 од 19 часот во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде прикажана Анимираната детска авантура “Биби и Боби во Снешковград“. Содржина на филмот: Каква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш – непредвидлива! Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешковград е пуст и тивок. Каде се сите снешковци? Зошто никој не ја прославува Новата година? Гледајте ја оваа возбудлива новогодишна сказна за да дознаете. Актери: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Сашка Димитровска и Никола Ристановски. Режија: Никола Чикос, Димитар Аризанов, Јосип Здравковски, Сценарио: Билјана С. Црвенковска
Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и оваа година по повод Новогодишните и Божиќните празници подготви за најмладите, учениците од основните училишта и градинките од општина Кавадарци весела и поучна претстава насловена како “Кражба кај Дедо Мраз“. Автор на текстот и режија – Александар Малинков. Претставата ќе биде на репертоарот на Домот во дневните часови од 20 до 27 декември 2022.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.