Почна неделата на актерски остварувања во Струмица. Стартот на 32 то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шиков го направија домаќините, театарот Антон Панов. ,, Црна дупка,, е првата од вкупно осумте претстави кои оваа година беа селектирани за официјалната програма на фестивалот. Селекторот Љупчо Георгиевски вели дека публиката ќе има можност да види квалитени претстави одлични актерски креации.
32 от носител на признанието за високо актерско остварување со името на Ристо Шишков ќе се бара помеѓу 45 актери од Македонија и соседна Бугарија. Прв пат во улога на жири ќе се најде и минатогодишниот лауреат, Јордан Симонов на кого пред почетокот на фестивалот му беше врачена плакетата од претходното издание.
Фестивалот завршува во петок, на 13 септември кога ќе биде соопштена и одлуката за новиот добитник на единствената награда за високо актерско остварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.