Во Малата Сала на НУ „Завод и музеј“ – Битола отворена е изложбата на Филип Фидановски насловена „Пикасо – можеби јас“.
На изложбата присуствуваше министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, и голем број на љубители на уметноста, додека пак за самата изложба, покрај авторот Филип Фидановски, говореа и шпанскиот амбасадор, неговата екселенција г-дин Хозе Луис Лозано Гарсија, како и директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова.Во рамките на својата посета, Амбасадорот на Кралството Шпанија, оствари работна средба и со директорката на институцијата, д-р Мери Стојанова, на која се дискутираше за можностите за идна соработка.
За време на својата посета, Амбасадорот имаше можност и да ја погледне и Постојаната музејска поставка преку која имаше можност поблиску да се запознае со слоевитата македонската традиција и култура, претставена преку бројните археолошки, етнолошки, историски и уметнички премети.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 17 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.