Во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола свечено беше отворена 12. по ред изложба “Со љубов за Битола“. Оваа година изложбата беа изложени 26 фотографии од 19 автори, а темата на конкурсот беше “Модерните архитектонски симболи на Битола, а ја организира Центарот за европски развој и интеграција од Битола.
За изложбата зборуваше координаторот на проектот и претседател на Центарот за европски развој и интеграција – Диоген Хаџи-Коста Милевски, кој рече:
-Веќе 12 години со овој проект ја раскажуваме приказната за Битола, досега сме имале 12 различни теми. 11 години ја фотографираме старата архитектура на Битола и животот на нејзините улици. Оваа година разговарајки на фотографската колонија увидовме дека кога го гледате фотографскиот фонд на браќата Манаки сфаќате дека многу објекти од нивното време останале недокументирани заради тоа што тие објекти во тоа време се сметале за секојдневие бидејќи биле “модерни“. И рековме оваа година наша задача ќе биде модерната архитектура на Битола.
Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент од пристигнатите 90-тина фотографии од 23 учесници на конкурсот селектира 23 фотографии кои се дел од овогодинешното издание на изложбата и ги селектира најдобрите 3 фотографии кои ги добијата паричните награди и 2 фотографии кои добија пофалница.
Првата награда ја доби Дамјан Гугучевски за неговата фотографија на ОУ Ѓорѓи Сугарев, а наградата му ја додели Градоначалникот на Битола д.р. Тони Кољановски кој во оваа прилика истакна дека Оштина Битола преку поддршката на ваквите проекти создава можности за сите млади уметници од градот и ги повика активно да се вклучат и во други вакви проекти преку и кои заеднички ќе продолжи да се гради и унапредува епитетот – град на културата – кој го носи Битола.
Втората награда ја доби Константин Солак за неговата фотографија од хотел “Епинал“, Наградата му ја додели Антонио Поповски претставникот од Сава пензиско друштво а.д. Скопје кој истакна дека Сава пензиско друштво како општествено одговорна компанија поддржува и ќе продолжи да поддржува вакви настани со кои се унапредува урбаната култура на територијата на целата држава и им се заблагодари на сите учесници за прекрасните фотографии со кои учествуваа на конкурсот и изложбата.
Третата награда ја доби Михаела Велјановска за нејзината фотографија од комплексот згради Стара Болница во пресек со комплексот Пелагонка 2, а наградата и ја додели Маја Андоновска – Илијевски како пртставник на институциијата домаќин на изложбата.
Пофалници за посебен квалитет на фотографиите добија Дамијана Ристевска и Давид Козаров. Пофалниците им ги додели координаторот на проектот при што истакна дека оваа година од 5 доделени признанија 4 од добитниците се на возраст под 20 години што зборува дека се повеќе фотографијата станува уметнички медиум за изразување на младите.
-Ако оскарите имаат категорија за фотографија со ваква фела и со ваква екипа која што ни доаѓа на оваа изложба ние можеме комотно да се пофалиме дека Битола има своја манифестација која ги почитува фотографите и која што мотивира младите фотографи кои што сега почнуваат со оваа уметност будно да следат и да ги ловат уметничките моменти на она што е веќе дел од нас а тоа е нашата преубава Битола, истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.
Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ја погледнат изложбата до 5 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.