Во Архивот на Војводина, во Нови Сад е отворена изложбата ,,140 години од раѓањето на Милтон Манаки”, што ја подготвија историчари од Државниот архив – одделение Битола. Со оваа изложба во Нови Сад, град што е европска културна престолнина за 2022 година, се претставува творештвото на браќата Манаки, како први творци на ангажирана и уметничка фотографија и први сниматели на Балканот.

На отворањето на оваа изложба, која ќе трае до крајот на јануари 2023 година, говореа директорот на Архивот на Војводина, д-р Небојша Кузмановиќ, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и еден од главните автори на изложбата и раководител на Архивот во Битола, Гоце Стојановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.