Вчера во Богданци беше официјално отворена 17-та Графичка работилница „Софија“, која повторно ги обедини најталентираните млади графичари од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Оваа уникатна работилница, која е единствена од ваков тип во регионот, ќе трае до 27 август, и ќе заврши со изложба на изработените дела на студентите учесници во Домот на културата „Бранд Петрушев“.

На отворањето на настанот беа потпишани два значајни меморандуми за соработка. Првиот, со Театар „Комедија“ од Скопје, предвидува учесниците на работилницата да изработат плакат за следна претстава која е во план, што е одлична можност за младите уметници да го покажат својот талент и во практична примена. Вториот меморандум е потпишан со Домот на културата во Богданци, со што се отвораат нови можности за културна соработка и уметнички проекти на локално ниво.

За мене е особена чест што сум дел од ваков проект кој овозможува креативност и размена на искуства меѓу млади уметници од регионот. Работилницата не само што го поттикнува творештвото, туку ги отвора и вратите за нови можности,“ изјави менторката од Хрватска, Ива Чуриќ.

Графичката работилница „Софија“ продолжува да биде значајна културна манифестација која ги спојува младите уметници од регионот, нудејќи им уникатна можност за учење, соработка и творење во сите класични графички техники.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.