До 5 септември 2024 година, ќе биде отворен повикот за пријавување на уметници за учество на 6-то Интернационалното графичко биенале ДЛУМ 2024.

Интернационалното графичко биенале на ДЛУМ е значаен настан на современата меѓународна графичка сцена. Неговото шесто издание ќе биде организирано како онлајн изложба на ФБ страната на ДЛУМ од 15 – 30 септември 2024 година.

Повикот е отворен за сите уметници од целиот свет, без ограничување во години или за национална припадност. Заинтересираните уметници треба:
– Да го пополнат формуларот за учество;
– Да испратат најмногу 2 фотографии од графики со резолуција 300 dpi во pdf ili jpg
– Учесниците кои не се членови на ДЛУМ, треба да испратат кратка описна биографија до 100 збора;

Прифатени техники: сува игла, бакропис, акватинта, линорез, дрворез, интаглио, висок печат, литографија, сито-печат (silkscreen), дигитални графики.

Техники кој што се неприфатливи: фотографија, монотипија, фотокопија, фротаж.

Дигитално доставените дела нема да се ограничуваат во димензии;
Презентираните дела мора да бидат создадени во последните две години (2023,2024);
Пријавувањето за учество е бесплатно;
Сите автори кои ќе учествуваат се согласуваат со правилата за учество на Биеналето.

Селектори на изложбата и жири: графичари од Уметнички совет и Управниот одбор на ДЛУМ и гости професионални графичари ќе ги селектираат и оценуваат пристигнатите дела. Одлуките се без право на жалба. Селектираните автори ќе бидат известени по пат на е-меил до 12 септември 2024година – листата на учесници ќе биде објавена на ФБ страната на ДЛУМ.

Ќе бидат доделени две награди – Плакети и Сертификати за учество на сите учесници.

Сите автори кои учествуваат на изложбата, му даваат право на организаторот на Биеналето да ги користи нивните дела во сите публикации на Биеналето.
 Сите селектирани автори ќе добијат каталог во електронска форма. Наградените дела ќе бидат објавени на ФБ страната на ДЛУМ.

Формуларот за пријавување можете да го најдете на ФБ страната на ДЛУМ. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: https://docs.google.com/…/14xlJ7Q2e539NQ19whYKk…/edit…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.