Како дел од одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, утре во Офицерскиот дом ќе има отворен ден за сите граѓани и посетители.

Вратите на Офицерски дом, ќе бидат широко отворени за сите посетители, кои ќе можат да слушнат за историјата на Офицерски, да ја разгледаат внатрешноста и изложбите како онаа на Благој Мицевски – „ОпераДрамаБалет“- костими и фотографии“ во Кристалната сала,„Звукот на Битола“- посебно мултимедијално доживување во Свечената сала, репрезентативната поставката на „Битолска современа уметност“ во Западната Галерија, да уживаат во музичкиот маратон „Со љубов за Битола“, да ја дознаат историјата на музиката во нашиот град преку книгата „Музика“ на Александар Стерјовски или едноставно да прошетаат и да уживаат во убавината на нашата гордост Офицерски дом. Изборот е Ваш, а ние сме тука да го направиме Вашиот престој попријатен, велат оттаму.

Воедно, овој викенд КИЦ Битола е средиште на бројни културни случувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.