Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак.
На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чија кариера како ќерамичар започнува во средината на 50-тите години.
Неговите првични обиди за изработка на ќерамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на ќерамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури, соопштија од Уметничкиот Центар АРТ ХАБ.
Додаваат дека оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.