Вечерва, на 10. октомври, со почеток од 20 часот, во Албанскиот театар во Скопје, ќе биде поставена театарската претстава ,,Орфеј”, во изведба на актерите од Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија во рамки на 17. издание на Фестивалот „Скупи“Режисер и автор на драмското дело е светски познатиот словенски режисер Јернеј Лоренци, носител на европската театарска награда Премио за 2017 година. Композитор на претставата е Бранко Рожман.

Културниот настан се одржува во рамките на театарскиот фестивал ,,Скупи”. Скопската публика ќе ја има можноста да ги види големите имиња на бугарските театар и кино Александра Василева, Билјана Петринска, Владимир Пенев, Дарин Ангелов, Дејан Донков и останатите ѕвезди од маестралната трупа на најголемиот и најпознат театар во Бугарија.

Партнер на меѓународниот театарски фестивал Скупи е бугарскиот Културно информативен центар во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.