Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ на која свое обраќање ќе имаат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на Ацо Шопов.

Настанот по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов ќе се одржи утре (14.3.2023, вторник), со почеток во 13:00 часот, во Музејот на македонската борба за независност – Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.