Утре 9 јуни во пресрет на 111 годишнината од раѓањето  на големиот македонски писател Ванчо Николески (1912-1980), романсиер, раскажувач и поет во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Омаж посветен на неговиот живот и творечки пат.

На настанот ќе присуствуваат ученици од ООУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец , но тој е отворен за сите почитувачи на литературата кои со своето присуство ќе му оддадат почит на Николески.

Ванчо Николески е роден на 10 јуни 1912 година во с. Црвена Вода, Дебрца, Охридско. По завршувањето на основното училиште во родното место, гимназија учеше во Охрид, а Учителска школа во Скопје. Неколку години учителствуваше во селата низ Македонија (Белчишта, Косел и др.). Тој е еден од првите учители на македонски јазик во селата на ослободена Дебрца за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна

Николески припаѓа на првата генерација македонски писатели за деца, генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.

Настанот ќе се одржи во Прличлевата одаја на Библиотеката утре 9 јуни од 12 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.