Во пресрет на 111 годишнината од раѓањето  на големиот македонски писател Ванчо Николески (1912-1980), романсиер, раскажувач и поет во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска ќе се одржи Омаж посветен на неговиот живот и творечки пат.

На настанот ќе присуствуваат ученици од ООУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец , но тој е отворен за сите почитувачи на литературата кои со своето присуство ќе му оддадат почит на Николески.

Ванчо Николески е роден на 10 јуни 1912 година во с. Црвена Вода, Дебрца, Охридско. По завршувањето на основното училиште во родното место, гимназија учеше во Охрид, а Учителска школа во Скопје. Неколку години учителствуваше во селата низ Македонија (Белчишта, Косел и др.). Тој е еден од првите учители на македонски јазик во селата на ослободена Дебрца за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна

Николески припаѓа на првата генерација македонски писатели за деца, генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.

Настанот ќе се одржи во Прличлевата одаја на Библиотеката од 12 часот.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 12 јуни до 4 септември ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

Одделот за зајмување книги од понеделник до петок ќе биде отворен во терминот од 08:30 до 16.00 ч.

Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.

Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.

Годишната членарина останува и натаму иста,  за возрасни е 300 а за деца 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.