На 20 април 2023 година, во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, во соработка со Шпанската aмбасада, ќе се одржи омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.

Омажот е по повод двегодишнината од неговата смрт, а Падрон беше добитник на “Златниот венец” и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

За творештвото на Падрон ќе говори академик Влада Урошевиќ, а присутните ќе ги поздрави и Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Исто така, ќе се обрати и претставник на Шпанската амбасада во Република Македонија, како и сопругата на Падрон, Клеопатра Филипова.

Стихови од Хусто Хорхе Падрон ќе чита Ѓорѓи Калајџиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.