На големата сцена во Македонскиот народен театар на 15 март 2024 година со почеток во 20:00 часот ќе гостува монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ.
„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.
Асистент на режисерот е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.
По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите од страна на госпоѓа Балашевиќ, со пригоден коктел.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата како и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.