Во прекрасниот бајковит стар град Охрид покрај сликовитото Охридско Езеро допрете ја историјата почувствувајте го ритамот на модерниот живот, запливајте во кристално синото, топло езеро, пробајте ја храната со извонреден вкус, наполнете ги очите со убавина, срцето со добра волја и ЗАПЕЈТЕ!, велат организаторите.

Од 22 до 26 август 2024 година, во Охрид се одржува традиционалниот меѓународен Охридски хорски фестивал.

Искусете ја магијата на музиката и уживајте во настапите на талентираните хорови од целиот свет!

Настапуваат:

 

  • Хорот на Школата за применети уметности во Рига „Анима меа“ Рига
  • Младински хор „Аргентеус“ Сегедин
  • Хорот на Универзитетот во Бјалско-Бјала Бјалско-Бјала
  • Ораториски хор на катедралата Св.Марко „Канторес Санкти Марки“ Загреб
  • Женски хор „Домина“ од Тарту
  • Младински женски хор на Естонското радио Талин
  • Камерен хор „Иван Филиповиќ“ Загреб
  • Градски женски хор „Логос“ Швинојушче
  • Мешан камерен хор на КУД „Лола“ Сарајево
  • Хор на Бидгошката лекарска ко ора „Медичи Кантарес“ Бидгошч
  • Чешко младински хор „Ондрашек“ Нови Јичин
  • Хор Острава од Острава
  • Турски фолк хор на Универзитетот Памуккале Денизли
  • Нагледен детски хор „Весна“ Виница
  • Хорот на средното училиште од Чанакале „Хусеин Акиф Терзиоуглу“ Чанакале
  • Вокална група „Смирна“ Скопје

Програма:

Четврток, 22ри август 2024
19.00 – 21.30 | Отворање на фестивалот
Поздравен говор
Заедничко пеење
Настапи на отворено

 

Петок, 23ти август 2024
10.00 – 11.00 | Концерт на духовна музика
17.00 – 19.30 | Натпреварувачки концерти

Сабота, 24ти август 2024
10.00 – 11.40 | Фолк и поп концерт
17.00 – 19.00 | Натпреварувачки концерти

Недела, 25ти август 2024
18.00 – 19.00 | Конференција за хорско диригирање и интерпретација
19.00 – 20.00 | Натпревар: финале
20.00 – 21.00 | Доделување награди и затворање на фестивалот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.