Денеска  – 20 јуни,  вторник во 12 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев “ – Охрид  ќе се одржи Првата роднокрајна средба на писателите од нашиот град.

Средбата има работен наслов: „Охрид низ творечкиот ракопис“. Настанот целосно ќе се снима а со секој учесник – автор одделно ќе биде изработен фото – портрет кој ќе се чува во дигитална форма во библиотечната архива.

Присутните се очекува да разменат мисли и идеи околу издавачката продукција и збогатување на Роднокрајното одделение со нивни нови наслови.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ги информира писателите и за новите проекти на установата со кои ќе конкурира пред ресорното Министерството за култура за наредната 2024 година.

Проектот е дел од Годишната програма за работа на Библиотеката финансиски поддржан од Министерството за култура.

Библиотеката со почит и респект ги поканува сите роднокрајни автори да дојдат во Прличевата одаја и да учествуваат на  средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.