На 24 април (понеделник) во 12 часот во Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје традициoнално ќе се одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година.
Организаторите најавуваат дека на одбележувањето на светскиот ден ќе се читаат извадоци од романот „Дон Кихот“, а исто така ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“ која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.
„Националната и универзитетска библиотека ‘Св. Климент Охридски’ – Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО“, посочуваат организаторите.
Датумот се одбележува секоја година во целиот свет на 23 април како симболичен датум во светската книжевност бидејќи овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир и Лопе Де Вега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.