Кинотеката ја започна филмската програма во 2023 година.
9 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч.
10 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 17:00 ч.
11 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 17:00 ч.
ОД РАЈОТ
(Nebesa/Heavens Above)
Игран филм, Србија / Хрватска / Црна Гора . Словенија / Македонија
2021, 120 мин., колор, ДЦП
Rежија: Срѓан Драгојевиќ (Srdjan Dragojevic)
Сценарио: Срѓан Драгојевиќ, Марсел Аиме (Srdjan Dragojevic, Marcel Aymé)
Улоги: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Марковиќ (Goran Navojec, Ksenija Marinković, Bojan Navojec, Nataša Marković)
После половина век комунизам и атеизам, во ексјугословенското општество се враќа христијанството. Оваа филмска алегорија со елементи на црна комедија е инспирирана од трите приказни на францускиот писател Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година.
Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост всушност клетва? ОД РАЈОТ е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори.
ОД РАЈОТ премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на повеќе европски и балкански фестивали: Котбус, СинИст, Балкан Панорама, Острава Камера Око, Валенсија итн.
Во август беше дел од официјалната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Директор на фотографијата е Душан Јоксимовиќ, редовен соработник на Срѓан Драгојевиќ, со кого ја снимиле комплетната филмографија на режисерот: НИЕ НЕ СМЕ АНЃЕЛИ (Mi nismo andjeli /We Are Not Angels), 1992, УБАВИТЕ СЕЛА УБАВО ГОРАТ (Lepa sela lepo gore/Pretty Village, Pretty Flame), 1996, РАНИ (Rane/The Wounds), 1998, НИЕ НЕ СМЕ АНЃЕЛИ 2 (Mi nismo andjeli 2/We Are Not Angels 2), 2005, СВЕТИ ЃОРЃИ ГО УБИВА ЗМЕЈОТ (Sveti Georgije ubiva aždahu/St. George Shoots the Dragon), 2009, ПАРАДА (Parada/The Parade), 2011, АТОМСКИ ОД ДЕСНО (Atomski zdesna/Holidays in the Sun), 2014.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 100 денари
9 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
10 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
11 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.
КАЈМАК
(Kaymak)
Игран филм, Македонија / Данска / Холандија / Хрватска
2022, 106 мин., колор, ДЦП
Режија: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)
Сценарио: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)
Улоги: Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сара Климоска, Филип Трајковиќ (Ana Stojanovska, Kamka Tocinovski, Simona Spirovska, Aleksandar Mikikj, Sara Klimoska, Filip Trajkovikj)
Неконвенционална љубовна приказна, но и критика на нелибералното лицемерие, КАЈМАК, седмиот игран филм на Манчевски ја следи ситуацијата во две семејства. Едното се млада и добро ситуирана брачна двојка која се обидува да добие дете, а другото се нивните соседи, кои живеат во куќарка подеднакво шарамантно распадната како и нивниот брак. Првите својот проблем ќе се обидат да го решат со роднина од село која ќе се всели кај нив, а вторите со примање на продавачката на кајмак во нивната заедничка постела. И двете семејства си ја бараат среќата, секое на свој начин. Оваа црна комедија под површината се занимава и со помрачни социјални прашања – сурогат родителство, неверство, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе, сексуалната слобода итн., а светската премиера ја имаше на Токискиот филмски фестивал во 2022.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.