Претстојната 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ ќе се одржи од 16-ти до 29-ти август 2024 година во Когресниот центар во Охрид.
За истата, одговорните остварија работна средба со м-р Горан Патчев, директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.
Од годинава, почнуваме со нов, прекрасен проект – Амбиентална настава во јадрото на стариот град Охрид. Почнувајќи од архелошкиот објект Плаошник, ќе продолжи во спомен-куќата на Григор Прличев, во Куќата Христо Узунов и Куќата на Робевци кои се во домен на Завод и Музеј Охрид, информираат од МСМЈЛК при УКИМ.
Додаваат дека Амбиенталната настава ќе ја одржат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Кристина Николовска. Наставата на локалитети ќе продолжи и во Манастирскиот комплекс „Свети Наум“, во Вевчани и во Спомен-куќата на браќата Миладиновци во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.